Миралем Пјаниќ, за кого нема повеќе место во Барселона наскоро би можел да се врати во Серија А.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Босанскиот плејмејкер после неколку сезони во Јувентус се пресели во Барселона, каде не се снајде, па брзо беше испратена на позајмица во Бешикташ.




За 32-годишниот плејмејкер нема повеќе место во Барселона, а интерес за него покажува Наполи, кој е спремен на лето да го донесе на позајмица со право на откуп.




Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи наскоро ќе испрати понуда до Барселона, а Пјаниќ неодамна призна дека сака да се врати во Италија.




Спалети одлично го познава Пјаниќ и смета дека одлично ќе се влопи во неговиот тим, а Босанецот е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија.