Дома Македонски спорт Напаѓаме со Нестор и Пандев, можен состав за вечерашниот дуел

Напаѓаме со Нестор и Пандев, можен состав за вечерашниот дуел

Репрезентацијата на Македонија вечерва ќе ги стартува мундијалските квалификации, а противник ќе ни биде Романија.

Натпреварот се игра со почеток до 20:45 часот, а пред овој натпревар селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми со повреди. Арјан Адеми и Дарко Велковски кои се во составот веројатно нема да бидат на располагање за вечерашниот натпревар. Ќе потсетиме, претходно поради позитивни ковид тестови во своите клубови отпаднаа Ѓоко Зајков и Тихомир Костадионов, Иван Тричковски поради повреда не е ниту во составот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во отсуство на Адеми, во средниот ред треба да бидат Барди, Елмас и Николов. Во одбраната пак местото на Велковски веројатно ќе го пополни Кире Ристевски кој ќе се најде во дефанзивата заедно со Бејтулаи и Муслиу. По бочните позиции стандардно ќе се најдат Ристовски десно и Алиоски лево, а во нападот според најавите ќе стартуваме со Несторовски и Пандев. Ова значи препознатлива за нас формација 3-5-2, која во офанзива ќе преоѓа во 3-4-3, а во дефанзива во 5-3-2. На голот секако се очекува да биде стандардниот Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…