Дома Останати Тенис Наоми Осака го освои Австралија Опен!

Наоми Осака го освои Австралија Опен!

Јапонската тенисерка Наоми Осака денес славеше во финалето на Австралија Опен против Џенифер Брејди.

Осака денес ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од еден час успеа да го реши натпреварот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Таа играше во фантастична форма на турнирот и на крајот заслужено дојде до победата во финбалето на Австралија Опен. Брејди во првиот сет пружи некаков отпор, но тоа не беше доволно.

Првиот сет се играше 43 минути и Осака успеа да слави со 6:4 и да поведе со 1:0.

Во вториот сет јапонската тенисерка играше нешто повеќе опуштено, но сеедно Брејди не успеа да се врати во мечот. Вториот сет Осака успеа да го заврши за нешто повеќе од половина час и да го добие со 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…