Дома Фудбал Останато Нант покажа почит: Клубот ќе направи голем гест во чест на Сала

Нант покажа почит: Клубот ќе направи голем гест во чест на Сала

Вчеравечер полицијата ги потврди трагичните вести дека телото на дното во авионот е Емилијано кој исчезна во падот на авионот кој леташе од Нант кон Кардиф на 22-ри јануари.

Шансите беа екстремно мали, но сепа светот веруваше во некакво чудо кое за жал не се случи. Аргентинскиот напаѓач трагично го загуби животот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сала дел од Нант беше три години, а оваа година кога блесна во полн сајај за него интерес покажаа голем број клубови од Премиер лигата на крај трката за неговиот потпис ја доби Кардиф. Клубот од Велс за неговите услуги плати сума од 17 милиони евра.

Денес од Нант покажаа голема почит кон својот поранешен играч и во официјално соопштение објавија дека дресот со број 9 ќе биде повлечен од употреба.

Во дресот на Нант Сала одигра 117 натпревари и постигна 42 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стигна и потврда: Наполи испратил понуда за Елмас – познати и детали!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е на прагот на кам-бек во Наполи. Според…