Искусниот португалски фудбалер Луис Нани после само половина година одлучи да ја напушти Венеција.
Нани помина само половина година во дресот на италијанскиот клуб и одлучи среќата да ја побара на друго местоа откако не се договори со Венеција за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 35 годишник се уште не размислува за завршување на кариерата. После Венеција Нани ќе игра за Мелбурн Виктори со кој потпиша договор. Договорот со Мелбурн го потпиша до 2024 година.
Австралискиот клуб го претстави како ново засилување, а Португалецот беше претставен со специјално видео. Нани кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, во 2007 година пристигна во Манчестер Јунајтед каде што помина седум години.
Настапуваше уште за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо и Венеција.