Дома Останати Надал супериорно до нова титула на Ролан Гарос

Надал супериорно до нова титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал стигна од 13-та титула на Ролан Гарос откако во финалето супериорно го победи Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови.

Шпанецот уште еднаш покажа дека е непобедлив во Париз и фуриозно го започна мечот, па на големо изненадување не му дозволи на Ѓоковиќ да земе ниту еден гем.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во вториот сет Надал повторно беше супериорен и брзо направи брејк, Ѓоковиќ не можеше да му парира и го загуби и вториот сет со 6:2.

Најголем отпор Србинот пружи во третиот сет кога се играше израмнето се до 5:5, тогаш Надал направо брејк, кој потоа само го одбрани за 7:5 и уште една победа на Ролан Гарос.

Ова за Надал е 13-та титула на Ролан Гарос и вкупно 20-та Грен слем титула со која се израмни со Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…