Дома Останати Тенис Надал донесе одлука, на Ѓоќовиќ му се отвара патот до првата позиција на АТП листата

Надал донесе одлука, на Ѓоќовиќ му се отвара патот до првата позиција на АТП листата

Во овој момент најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал поради повреда го откажа настапот на претстојните турнири во Пекинг и Шангај, што значи дека ќе изгуби 1.100 бодови.

До крајот на годината Надал брани вкупно 1280 бодови (Пекинг 500, Шангај 600, Париз 180, Завршни 0), додека Новак Ѓоковиќ практично нема што да изгуби бидејќи не брани ниту еден бод. Поради тоа многу лесно српскиот тенисер би можел да се врати на АТП листата ако настапи на споменатите турнири во Кина.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ѓоковиќ се уште не се пријавил за турнирот во Пекинг, кој е од серијата 500. На неговата официјална страна стои дека ќе учествува на Мастерсите во Шангај и Париз.

Меѓутоа не би било изненадување доколку Србинот ги промени првобитните планови и да се пријави и за Пекинг.

Во овој момент Ѓоковиќ се наоѓа на третата позиција на АТП листата со 6.4445 бодови, а пред него се Федерер со 6.900 и Надал со 7.600. Доколку Ѓоковиќ ги освои двата турнири во Кина би се вратил на првото место.

Треба да се истакне дека Роџер Федерер до крајот на сезоната брани 2.100 бодови и тоа 1.000 во Шангај, 500 во Басел и 600 од завршниот турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер доминира во тенисот, а сега донесе одлука која го изненади дури и Ѓоковиќ

Јаник Синер водечки на ATP листата, го изненади тенискиот свет со одлуката пред Вимблдон д…