Дарко Димитриевски, повремениот репрезентативец на Македонија го продолжи договорот со Синфин Станадер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот одлучи да го награди за добрите настапи во последно време и тој ќе остане во најсилната шпанска конкуренција уште една година.
Овој играч се наоѓаше на пошироките списоци кај Обрван и Раул Гонзалес. Во АСОБАЛ лигата има навистина големо искуство, пред Синфин го носеше дресот на Адемар Леон и Пуерто Сагунто.
Димитриевски игра одлична сезона, покрај придонесот во нападот има и голема доверба во дефанзивата.