Дома Фудбал Германија Нагелсман се враќа во Бундеслигата, но не на клупата на Баерн?

Нагелсман се враќа во Бундеслигата, но не на клупата на Баерн?

Последните месеци Јулијан Нагелсман повеќепати јавно истакна дека му недостига клупскиот фудбал откако лани беше поставен како привремен селектор на германската фудбалска репрезентација.

Неговиот договор со Фудбалскиот сојуз на Германија истекува по завршувањето на Европското првенство, а во моментов се шпекулира за неговата иднина и има најави дека ќе се врати во клупскиот фудбал. Медиумите во неговата земја тврдат дека тој во овој момент е најблиску до ангажман во Борусија Дортмунд, а главниот аргумент за тоа е интересот на претседателот на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Милионерите“ не ја освоиле титулата во Бундеслигата уште од 2012 година, а лани беа на чекор од тоа, но не успеаа затоа што изгубија во последното коло. Вацке смета дека Нагелсман е човекот кој може да ја одведе Борусија до трофејот.

Во моментов тимот се бори за четвртото место, кое води во Лигата на шампионите и ако не успее да го освои, се очекува да дојде до смена на тренерот, а Нагелсман изгледа е прва желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…