Интер вчера играше на домашен терен против Рапид во рамките на ЛЕ, а навивачи на овој клуб на натпреварот дојдоа со дресови на Диего Годин.
Нормално, причината е сосема јасна. Сакаа на тој начин дополнително да ги испровоцираат навивачите на Јувентус откако Атлетико ја победи оваа екипа со 2:0 во првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стрелец на вториот гол за шпанците беше токму Годин кој веќе неколку месеци се поврзува со трансфер во Интер.
Под презимето Годин стоеше и бројот 2:0. Нормално, тој гест на навивачите на Интер алудира на резултатот од споменатиот натпревар.
Инаку, Интер синоќа го победи Рапид со 4:0 и без проблеми се пласира во осмина финалето на ЛЕ.
Godin ?? pic.twitter.com/bWzinP8T0E
— Fady Fakhoury???? (@FAF_91) February 21, 2019
Мала провокација на сметка на Јувентус поради Годин испрати и поранешниот спортски директор на „старата дама“, а сега прв оперативец на Интер, Џузепе Марота.
„Среќен сум од тоа како ситуацијата се развива. Навистина беше убаво да се види како Годин вчера постигнува гол. Кога во прашање се другите работи можам да кажам само дека сум оптимист и дека наскоро можете да очекувате официјално соопштение од нашиот клуб на таа тема“, изјави Марота
Ќе потсетиме Марота е еден од главните „виновници“ за тимот со кој Јувентус доминира веќе долги години во Италија.