Дома Фудбал Италија Навивачите на Рома бесни на фудбалерите: Вие сте платеници и го срамите клубот!

Навивачите на Рома бесни на фудбалерите: Вие сте платеници и го срамите клубот!

Рома вчера освои само бод во Фиренца против Фиорентина, што и не е толкава катастрофа, но самата игра на „волчицата“ беше под нивото, а тоа доведе до незадоволство кај голем број навивачите на римскиот клуб.

До бодот Рома стигна во финишот кога Флоренци погоди за 1:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На само 600 метри од стадионот „Артемио Франки“, навивачите од Рим пред влегувањето во возот скандираа против фудбалерите на кои им замеруваат за недовлно залагање.

„Вие сте платеници“ и „Го срамите клубот“, скандираа навивачите кои очигледно беа разоларани од комплетната ситуација. Тие бараат од играчите повеќе да се залагаат и да започнат да победуваат.

Нов натпревар Рома ќе игра во средината на неделата кога во рамките од Лигата на шампионите ќе гостува на ЦСКА Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мендиета му предложи шокантен трансфер на Серхио Рамос

Поранешната ѕвезда на Барселона, Гаизка Мендиета, смета дека легендарниот дефанзивец Серхи…