Дома Трансфер зона Навивачите бесни, Јунајтед ја одби понудата за Мегваер

Навивачите бесни, Јунајтед ја одби понудата за Мегваер

Манчестер Јунајтед ја одби новата понуда од Вест Хем за дефанзивецот Хари Мегваер, иако „црвените ѓаволи“ сакаат да се ослободат од него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Чеканите“ испратија понуда од 20 милиони фунти за англискиот репрезентативец, но Манчестер Јунајтед ја одби.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека клубот и не мора да се раздели со Мегваер доколку не дојде вистинска понуда и е среќен да го има како трета или четврта опција.

Јунајтед во 2019 година за неговиот потпис плати 80 милиони фунти, па поради тоа не сака да го пушти за мала сума, иако Мегваер изминатите сезони се претвори во вистински киксер и навивачите едвај чекаат да му го видат грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…