Јувентус синоќа доживеа уште еден пораз од Бенфика и ја заврши авантурата во Лигата на шампиони уште во групната фаза.
Јувентус игра слабо и во италијанското првенство каде заостанува 10 бода зад лидерот Наполи, па навивачите се бесни на тренерот Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што објави „Кориере дело спорт“ навивачите на Јувентус го кренаа хаштагот #AllegriOut на врвот на социјалните мрежи. Тие бараат тој сам да си поднесе оставка или клубот да му врачи отказ.
„Ова не би го нарекол дебакл. Порази има и во фудбалот. Жал ни е и бесни сме. Пристапот беше повеќе од погрешен. Влеговме премногу меко во одбраната. Охрабрува што тимот го заврши натпреварот на добар начин, што значи дека физички сме добро подготвени. Мора да продолжиме да работиме“, изјави Алегри.