Атлетико Мадрид во вторникот доживеа втор пораз од Севиља (3:1) и беше елиминиран од Купот на кралот, а после натпревот хит стана Шиме Врсаљко.
Врсаљко се занесе додека гледаше во својот телефон и успеа да го промаши својот и да влезе во автобусот на Севиља, а откако ја увиде грешката, со помош на полицаецот се упати на вистинското место и влезе во својот автобус.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Оваа ситуација веднаш стана хит на социјалните мрежи, па Врсаљко беше предмет на исмевање од целата шпанска спортска јавност.