Дома Македонски спорт Мак фудбал Муслиу: Не се плашиме од Италија

Муслиу: Не се плашиме од Италија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Италија и против Малта во септемврискиот циклус од квалификациите за ЕП.

По двата порази во претходниот циклус избраниците на селекторот Благоја Милевски ги очекува предизвик против актуелниот европски шампион Италија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред и сакаме да се покажеме во најдобро светло. Не играме првпат против Италија, секако дека знаеме како треба да се подготвиме“, изјави Муслиу.

„Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот шампион“, додаде Муслиу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…