Репрезентативецот на Македонија, Висар Муслиу се уште е член на германски Инглоштад и засега нема сериозни најави за негово заминување од германскиот третолигаш.
Муслиу во текот на зимскиот преоден рок од МОЛ Фехервар се пресели во Инглоштад, но тимот испадна од втората германска лига. Во овој момент тој се опоравува од повредата на ахиловата тетива и се очекува наскоро да се врати на теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Го следам Виар како работи и колку е посветен за што побрзо да се врати на терените. За нас тој е важен играч затоа што носи стабилност во одбраната, тој е најважниот играч во последната линија“, изјави тренерот на Инглоштад, Ридигер Реим.
Сигурно дека Инглоштад сака да го задржи, но изненадувачки е што нема голем интерес посебно после одличните настапи на Муслиу во репрезентацијата на Македонија.