Тотенхем во следните денови планира да испрати понуда за напаѓачот на Борнмут, Џошуа Кинг.
Мурињо е во потрага по напаѓач и Кинг е најголемата желба, па сака по секоја цена да го донесе до крајот на преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јануари Кинг беше на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ понудија 25 милиони фунти за неговиот потпис. На крајот Борнмут ја одби понудата, па Јунајтед се насочи кон Одион Игало.
Борнмут испадна во Чемпионшип, па сега полесно може да се реализира трансферот на Кинг, а тоа сака да го искористи Мурињо.
Трансфер пазарот се затвора на 5 октомри, а Мурињо има само уште една недела да го донесе посакуваниот напаѓач.