Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го пофали Герет Бејл пред натпреварот од 2. коло во Лига Европа во кое лондонскиот тим ќе гостува кај Ројал Антверп.
Португалецот најави дека Бејл ќе биде стартер во овој натпревар. За Бејл ова ќе биде втор натпревар од првата минута оваа сезона, играше претходната недела во дуелот против ЛАСК кој Тотенхем го доби со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бејл ќе игра, ние имаме податоци, не само чувство дека влегува во форма. Работи напорно, тој е одличен пример за сите. Играч како него дојде во Барнли и целиот натпревар го преседе да на клупата. Не играше ниту минута, неговото однесување како тимски играч е неверојатно“.
Во Реал Бејл беше мета на критики, Мурињо сега го брани.
„Една работа е репутацијата, друга се фактите. Би сакал да ја имам неговата репутација и четирите освоени титули во Лигата на шампионите. Јас имам само две. Фактите зборуваат дека тој направи разлика во клубот. Кога Бејл дојде клубот освои четири титули во пет сезони во тоа натпреварување. Тоа се факти. Фактите се важни и никој не може да оспори дека во Реал направи огромна разлика“, изјави Мурињо.