Тотенхем е во потрага по дефанзивец, а англиските медиуми пренесуваат дека нова мета е Џон Стоунс од Манчестер Сити.
Челзи не сака да го пушти Рудигер во градсккиот ривал, па Мурињо изненадувачки испрати понуда до Соунс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спарси“ го сакаат Англичанецот на позајмица со можност за откуп следното лето за 20 милиони фунти. Меѓутоа, тешко дека овој трансфер ќе се реализира до крајот на денот бидејќи самиот играч преферира да остане на „Етихад“.
Гвардиола ова лето ги доведе Аке и Рубен Дијаш, па Стоунс падна во втор план, а таквата ситуација сака да ја искористи Тотенхем.
Мурињо е во трка со времето, па останува да видиме дали до крајот на денот ќе успее да донесе дефанзивец.