Дома Фудбал Англија Мурињо со емотивна порака до Раниери: Главата горе АМИКО!

Мурињо со емотивна порака до Раниери: Главата горе АМИКО!

Клаудио Раниери, во четвртокот, доби отказ на менаџерската позиција во Лестер, со кого пред неполни десет месеци го воодушеви фудбалскиот свет освојувајќи ја шампионската титула во Премиерлигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Отказот на Раниери ја шокира јавноста во Англија, Италијанецот по социјалните мрежи добива поддршка од сите страни, а од пораките се издвојува онаа на Жозе Мурињо, кој во минатото не употребуваше убави зборови за колегата.

Веројатно и на Мурињо му стана јасно каков господин е Раниери, бидејќи Италијанецот на сите омаловажувачки коментари никогаш не му врати со иста мерка, напротив секогаш за Мурињо говорел со внимателно одбрани зборови.

Поради тоа Португалецот во последно време ги смени коментарите за господинот Раниери, а пораката со која му изразува поддршка на повозрасниот колега ја воодушеви Англија.

„Го сменија шампионот на Англија и најдобриот тренер во светот според ФИФА. Тоа е тој модерен фудбал. Главата горе мој пријателе, никој не може да ја избрише историјата која ја напиша минатата година“, напиша актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед на својот профил на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…