Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо: Порто може да го елиминира Ливерпул!

Мурињо: Порто може да го елиминира Ливерпул!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо смета дека Порто има сили да го елиминира Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Специјалниот“, кој во 2004 година ја освои најпрестижната титула со Порто, не смета дека Ливерпул е апсолутен фаворит во двомечот бидејќи очекува да се насочат кон Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мурињо смета дека неговиот сонародник Серџо Консеисао ја научил лекцијата од минатата година кога Порто загуби од Ливерпул со високи 5:0.

„Порто има реални шанси да победи и да се пласира во следната фаза. Во споредба со минатата сезона сега Консеисао има многу повеќе искуство и сметам дека ќе најде начин како да ги поправи грешките. Мислам дека тоа што двата тима играа и минатата сезона може да му помогне на Порто“.

„Ливерпул има фантастичен состав и индивидуална класа, но фактот што се борат на два фронта може да им попречи, бидејќи Клоп не може да ги одмара најдобрите фудбалери пред мечевите со Порто“, смета Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…