Манчестер Јунајтед оваа зима во своите редови го доведе Алексис Санчез од Арсенал. Меѓутоа Мурињо се уште не е задоволен од играчкиот кадар и веќе најави дека на лето ќе има промени во тимот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо сака на „Олд Трафорд“ да ја донесе младата ѕвезда на Ајакс, Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик Клајверт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку овој тинејџер пристигне во Манчестер Јунајтед, тоа сигурно ќе значи дека еден од офанзивците ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Наводно, Мурињо не е задоволен од игрите кои оваа сезона ги пружа младиот Маркус Рашфорд, кој на лето би можел да ја промени средината. Во конкуренција за заминување од „Олд Трафорд“ е и Антони Марсијал, иако Французинот оваа сезона игра солидно.