Жозе Мурињо пред почетокот на Светското првенство ги прогнозираше резултатите кои не им се допаднаа на навивачите во Хрватска и Србија.
Португалскиот стратег изјави дека не очекува од Хрватска и Србија да ја поминат групата, што предизвика многу незадоволство меѓу навивачите на овие селекции. Сепак, Мурињо се одлучи повторно да се огласи по разговорот со Немања Матиќ, но ни овој пат не ги „насмеа“ навивачите на Србија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не мислев да кажам дека Србија веднаш ќе испадне и дека е лоша репрезентација. Сакам тие да испаднат и тоа поради две различни работи. Зошто тоа го сакам? Па, Матиќ игра за таа репрезентација и сакам што повеќе да одмори. Тоа секако значи дека најдобро е Србија да не ја помине групата“ изјави Мурињо.
Мурињо првично рече дека покрај Бразил едноставно никој нема шанси, а дека по нив верува дека Швајцарија ќе биде втора во групата. Таа изјава не им се допадна на навивачтие на Србија, а сега Мурињо одлучи да објасни што рекол.