Жозе Мурињо беше на фантастичен начин пречекан на „Џузепе Меаца“ во вчерашниот натпревар помеѓу Интер и Рома во кој на крајот „нероаѕурите“ славеа со 2:0.
Португалецот беше пресреќен од начинот на кој беше пречекан од неговиот поранешен клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Начинот на кој бев пречекан беше фантастичен. Сите во клубот беа супер, можам само да им се заблагодарам, овие навивачи секогаш ќе бидат дел од мене. Мојот однос со Интер е вечен и тоа не го кријам“.
„Сепак, јас тука дојдов со Рома да победам. Не можевме да победиме во натпреварот, но ако ги исклучам воведните пет минути видов тим на Рома кој играше одлично против силниот тим на Интер“.
Мурињо доби и подарок од челниците на Интер.
„Добив стадион во сребро и кристал на кој пишува ова е твојот дом и секогаш ќе биде. Исто така сакам да дадам до знаење дека и Рим е мој дом и ја сакам мојата Рома, тажен сум што загубивме“, изјави Мурињо.