Дома Фудбал Англија Мурињо: Загрижен сум за иднината на фудбалот!

Мурињо: Загрижен сум за иднината на фудбалот!

Тренерот на Манчестер Јунајтед е загрижен поради тоа што многу играчи, поради вртоглавите плати одлучуваат да заминат во Кина.

И самиот Мурињо одлбил богата понуда од Кина, но потенцира дека не ги осудува оние кои се решиле да заминат на Далечниот Исток.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ако преговарате со некој играч и му понудите пет милиони евра годишна плата, тие веднаш ќе ви направат проблем затоа што ќе му понудат 25 милиони евра. Тогаш се е во рацете на играчот. Или ќе ги земе тие пет милиони евра ако го сака фудбалот, или ќе ја прифати понудата од 25 милиони затоа што повеќе ги сака парите“, изјави Мурињо.

„Јас веќе одбив неколку понуди од Кина, но не сакам да ги критикувам тие кои што одат таму. Тоа е нивен избор. Малку сум загрижен поради тоа што кинеските клубови можат да понудат договори какви што не можат европските клубови. Замислете, играч има 24 или 25 години и сака да замине во Кина. На толку години? Добро, збогум. Нема да те гледаме во најдобрите фудбалски првенства на светот. Друго е кога некој играч ќе замине таму во финишот на својата кариера. Тој заминува таму само за да заработи повеќе и тоа е во ред“, порача „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…