Дома Фудбал Останато Мурињо доби „луда“ понуда од Саудиска Арабија

Мурињо доби „луда“ понуда од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија е решена да вложува огромни суми во фудбалот и не жали пари да донесе големи ѕвезди.

После Кристиано Роналдо, Саудијците испратија богата понуда до Жозе Мурињо. Државата му понудила плата од 120 милиони евра за две години за да стане селектор на националниот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доколку не успеа да го привлечат со оваа понуда, Саудијците биле подготвени да му понудат тренерско место во еден од двата најголеми клуба во земјата, Ал-Наср чии дрес го носи Кристиано Роналдо или Ал Ахли.

„Кориере дело спорт“ пишува дека Мурињо сака да остане во Рома, но сепак не може да остане рамнодушен на ваква понуда и е спремен да ја разгледа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Сенегал: Дали навистина мислите дека Диаз намерно промаши пенал? Бидете сериозни

СЕНЕГАЛ го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето го совлада домаќинот на натпревару…