Неколку европски клубови веќе започнаа битка за потписот на Џеси Лингард, пренесуваат медиумите на Островот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе биде слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ одбија да го пуштат играчот во јануари, но се свесни дека Лингард ќе замине на лето без обештетување.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Рома кои се заинтересирани за Англичанецот.
Мурињо одлично го познава Лингард и веќе имал разговор со него за да го убеди да се пресели во Рим.