Дома Фудбал Останато Мурињо, брат, не може секогаш на грд начин до триумф

Мурињо, брат, не може секогаш на грд начин до триумф

Баталете впечатокот, важен е резултатот. Илјада пати кажано, илјада пати напишано кога е во прашање португалскиот фудбалски експерт Жозе „Специјалниот“ Мурињо. Синоќа изгледаше дека уште еднаш, на не толку допадлив начин, Манчестер Јунајтед ќе дојде до уште една победа, но нештата на терен на испаднаа до крај така.

Кога некои „виши“ сили ќе замешаат прсти и ќе одлучат Андерлехт во првиот меч од четвртфиналето на Лига Европа да ремизира на домашен терен со Јунајтед, тогаш и Мурињо не може ништо да стори. Голема заслуга за ремизирањето има репрезентативецот на Србија, Иван Обрадовиќ, кој во 86-та минута, после едно пробивање од левата страна, одлично центрираше на главата од Дендонкер.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Тоа беше и прв удар за Андерлехт на голот од Манчестер Јунајтед, но истовремено и неодбранлив удар кој заврши во мрежата на Англичаните. Иако теренот беше целосно окупиран од страна на Црвените ѓаволи, Мурињо и компанија едноставно немаа доволно среќа да си заминат со победа од гостински терен. Иако цело време имаа контрола на ситуацијата и до водство дојдоа во финишот од првиот дел, што кај Мурињо ја разбуди желбата да игра недопадлива и грда игра, на резултат, која често знае да биде добитна комбинација, сепак, дома си заминаа со 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…