Дома Фудбал Англија Мурињо без напаѓачи: И Руни „аут“ против Челзи!

Мурињо без напаѓачи: И Руни „аут“ против Челзи!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми во напаѓачката линија пред вечерашното дерби со Челзи во четвртфиналето од ФА Купот.

Жозе Мурињо нема да може да смета и на капитенот Вејн Руни, кој се приклучи на долгата листа играчи кои се аут за клучната битка со „сините“ од Лондон.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што е познато, Златан Ибрахимовиќ е казнет, Антони Марсиал е повреден, а Маркус Рашфорд е болен.

Се очекуваше Руни да го поведе нападот во отсуство на Ибра, но капитенот на „црвените ѓаволи“ се повреди на последниот тренинг пред натпреварот. Руни се судрил лошо со клубскиот колега Фил Џонс и не успеал да го заврши тренингот.

„Специјалниот“ ќе биде приморан да најде друго решение, а медиумите тврдат дека Фелаини или Михтарјан можно е да играат како централни напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…