Дома Фудбал Останато Мурињо: Бев во право за Јунајтед и не ми е мило поради тоа

Мурињо: Бев во право за Јунајтед и не ми е мило поради тоа

Жозе Мурињо во интервју за „БТ Спорт“ го коментираше својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и објасни зошто бил во право кога е во прашање тимот од „Олд Трафорд“.

Португалецот го водеше Јунајтед од 2016 до 2018 година, а кога го напушти клубот изјави дека завршил добра работа со освојувањето на Лигата на Европа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оттогаш Манчестер Јунајтед нема освоено ниту еден трофеј, на што Мурињо исто така алудираше пред неколку години дека тоа ќе се случи.

„Навивачите на Јунајтед се посебни, а во клубот има многу добри луѓе. Не ми е мило што бев во право, но знаев дека сум. Според мене, кога работите не одат добро, потребно е да се промени менталитетот на клубот, а тоа не се случи. Знаев дека моето заминување нема да ја реши ситуацијата, им посакувам се најдобро“, изјави Мурињо кој со Рома го чека финале во Конференциската лига.

Финалето во Тирана помеѓу Рома и Феенорд е закажано за вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…