Една посебна честитка стигна за нашите златни јуниори, од Австралија, од „чичко“ Андон Дончевски:
Успехот на нашите млади кошаркари кои го освоија првото место на ЕП од Дивизијата 2б“ во Скопје, одекна силно низ свтот. „Допре“ и до далечната Австралија, а причини големо задоволство и гордост и кај Андон Дончевски, поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со голема радост во срцето прочитав за величествениот успех на младите Македонски лавови.Златниот тим, Европски младински шампиони, нашата горда иднина.
Деца мои,храбри Македончиња: Нека ви е честита победата, златото е Ваше и наше. Ние Македонците од сиот свет, а посебно тука во далечната Австралија сме горди што ве имаме. Вие сте нашата надеж и чест. Златото го заслуживте со вашата храброст и огромниот труд, пожртвуваноста и големата борба. Битката е добиена, ви останува да се потврдите и понатаму. Вие и вашето водство можете и ќе покажете на сиот свет каде е и која е Македонија.
Продолжете ги стапките на сите Македонски спортисти, во минатото и во сегашноста. Вие сте нашите нови Комити, нашата светла иднина.
Благодарам на ВМРО и на Премиерот, на Македонската кошаркарска Федерација и на сите спортски работници за несебичната подршка на младите Македонски лавови.
Само храбро во натамошните битки и победи“, порача популарниот Чичко Дончо.