Утре на Арената „Тодор Проески“ од 20:30 часот Тиквеш ќе го игра својот прв натпревар на европска сцена, а противник ќе биде екипата на Бреидабнлик од Исланд.
Натпреварот е од првото квалификациско коло во Конференциската лига, а во квадаречкиот клуб имаат голема желба за успех.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тренерот Ѓорѓи Мојсов смета дека во утрешниот натпревар многу работи зависат од ни.
„Се надеваме и веруваме дека ќе го гледаме Тиквеш подолг период на европска сцена. Ова е историски натпревар и се подготвуваме верувајќи дека можеме да одиграме квалитетно. Го анализиравме противникот и ако го испочитуваме договореното на тренинзите сигурно ќе продолжиме понатаму“, изјави Мојсов.
Дуелот помеѓу Тиквеш и Бреидаблик е закажан за утре од 20:30 часот.