Поранешниот претседел на Интер Масимо Морати смета дека миланскиот клуб не може да го задржи Лаутаро Мартинез ако тој сака да одие некаде на друго место.
Веќе подолго време се пишува за можниот трансфер на Аргентинецот во Барселона. Наводно, за реализација на тој трансфер заинтересиран е и самиот играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, од Интер порачале дека нема да го пуштат младиот фудбалер додека некој не ја плати откупната клазула од 111 милиони евра. Сепак, Морати смета дека ако Лаутаро сака да замине тогаш Интер нема начин да го задржи.
„Како Интер ќе го задржи Лаутаро ако тој не сака да остане? Нема начин. Никој не сака во тимот да има незадоволен играч“, изјави Морати.
Претходно се шпекулираше и за можна размена со Каталонците, меѓутоа ќе видиме што ќе се случува ова лето.