Шпанскиот напаѓач на Милан, Алваро Мората очекува да биде исвиркан од навивачите на Реал Мадрид во вторник навечер во пресметката меѓу двата тима во Лигата на шампионите.
Мората сениорската кариера ја почна во Реал, со „кралскиот“ клуб освои две титули во ЛШ, но не е омилен меѓу навивачите бидејќи играше за градскиот ривал Атлетико.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Не верувам дека работите се смениле многу, очекувам да бидам исвиркан на Бернабеу, свесен сум за тоа. Ќе биде исто како кога гостував со Атлетико“, рече Мората кој по 13-ти пат ќе игра против „својот“ Реал.
„Нормално е да имаме притисок кога играме на „Сан Сиро“, кога играме во Лигата на шампионите и секогаш кога го носиме овој дрес. Секој натпревар носи различна одговорност, но тоа е повеќе привилегија отколку товар. Многу играчи би дале се, за да играат во вакви екипи, а јас ја имав таа среќа тоа да го направам на највисоко ниво“, изјави напаѓачот.