Дома Македонски спорт Мак фудбал Монтела: Шкендија е силен тим, но „изгоре“ во желбата за успех

Монтела: Шкендија е силен тим, но „изгоре“ во желбата за успех

Денес прес конференција за новинарите со почеток околу 7:30 часот одржа тренерот на „росонерите“, Виченцо Монтела.

Виченцо Монтела на денешната прес конференција за новинарите одговараше на нивните прашања.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Наша цел се и двата фронта, мораме да се трудиме да бидеме одлични на секое поле. За натпреварот против Шкендија сигурно ќе направиме промени во формацијата и почетниот состав“, изјави Монтела.

Потоа Монтела зборуваше за разликата во квалитетот на нашиот и италијанскиот претставник, за кого истакна дека е одличен на физички план.

„Сметам дека првиот натпревар воопшто не е показател за квалитетот на Шкендија, тие изгореа во желбата за успех. Наша цел е да создаваме силен тим кој како што истакнав мора да биде конкурентен на секое поле. За составот со кој ќе настапиме конечната одлука ќе ја донесам во текот на утрешниот ден, но сигурно ќе има промени“, заврши Монтела.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Милан се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…