Дома Трансфер зона Монтела пред отказ, овој човек е главен фаворит за негов наследник!

Монтела пред отказ, овој човек е главен фаворит за негов наследник!

Милан и покрај големите засилувања ова лето катастрофално ја започна сезоната и веќе четири натпревари не знае за победа во Серија А.

Позициајта на тренерот Монтела сериозно е разнишата, па доколку не успее да забележи добри резултати на следните два натпревари (Киево и Јувентус) сигурно ќе добие отказ.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Вчера после ремито со Џенова раководството му даде доверба на тренерот, но медиумите во Италија се сигурни дека после натпреварот со Јувентус ќе следува негова смена.

Иако низ медиумите се шпекулира со неколку тренерски имиња, сепак најголем фаворит е Пауло Соуса, екс тренерот на Фиорентина.

Соуса наводно се согласил да го води тимот до крајот на сезоната, а следното лето Милан ќе тргне во потрага по големо тренерсо име. Најголема желба е Антонио Конте.

Останува да видиме кави ќе бидат резултатите на Милан во следните две кола и дали Монтела ќе успее да „преживее“ на клупата на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…