Дома Фудбал Италија Моис Кин вчера постигна нов гол и го прослави пред противничките ултраси (ВИДЕО)

Моис Кин вчера постигна нов гол и го прослави пред противничките ултраси (ВИДЕО)

Јувентус на гостувањето кај Каљари стигна до нова победа, „старата дама“ славеше рутински со 2:0.

За Јувентус ова беше 26 победа во 30-тиот првенствен натпревар. Гостите од Торино до водство стигнаа во 22-та минута. Од корнер нафрли Пјаниќ, а топката во мрежата ја смести Леонардо Бонучи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прашањето на победникот го реши Моис Кин во 85-тата минута. Родриго Бентакур испрати топка по земја во петерецот каде што се најде 19 годишниот фудбалер кој рутински ја погоди мрежата за конечни 2:0.

За жал натпреварот беше обележан со расистичките навреди од страна на домашните навивачите. Навредите беа упатени кон двајца фудбалери на Јувентус, Блес Матиуди и Моис Кин.

Младиот Кин испровоциран од навредите голот го прослави пред најжестоките ултраси на Каљари и така предизвика уште поголем бес на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ждрепка за плејофите од осминафиналето на Лигата на шампионите

Денеска, со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи ждрепката за нокаут-фазата од Лигата на ша…