Дома Останати Тенис Може ли Ѓоковиќ да биде казнет за вчерашната порака? Се огласија од Ролан Гарос!

Може ли Ѓоковиќ да биде казнет за вчерашната порака? Се огласија од Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ вчера стартуваше со победа на Ролан Гарос од 3:0 во сетови (6:3, 6:2 и 7:6) против Александар Ковачевиќ.

По победата Ѓоковиќ во пораката која вообичаено ја оставаат тенисерите во камерата напиша: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството!“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа порака Новак ја испрати по вчерашните последни настани на Косово во кои имаше многу вредени. Дел од јавноста шпекулираше за можна казна за Ѓоковиќ поради испраќањето политичка порака, но Ролан Гаорс демантираше такво нешто.

„На официјалените грен-слемови нема правила за тоа што играчите можат или не можат да порачаат. Француската тениска федерација нема да дава никакво коментар на ова прашање“, кратко објавија организаторите на турнирот.

Ѓоковиќ од друга страна порача дека и повторно би го направил истото, па и по цена да биде казнет.

„Не се сомневам дека тоа би го направил повтроно“, одговори српскиот тенисер.

Во второто коло противник на Ѓоковиќ ќе биде Мартон Фукович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…