Фудбалерите на Челзи денес претрпеа вистински дебакл во дербито против Манчестер Сити во кое беа поразени со 6:0.
Маурицио Сари и неговите немаа свој ден и немаа никакви шанси против супер расположените „граѓани“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако звучи изненадувачки, но после натпреварот медиумите на Островот му го поставија прашањето на Сари за неговата иднина кој не можеше да биде сигурен.
„Не знам, за тоа ќе мора да ги прашате луѓето во клубот. Ова навистина не можам да го објаснам. Во текот на неделата имав одлично чуство. Лошо влијаеше брзиот погодок после кој не успеавме да се вратиме. Правевме и грешки, а силен тим како Манчестер Сити знаеше да ги казни“, изјави Сари.