Дома Останати Авто Мото Можен крај на појачувањата: Дали Ферари го достигна врвот во подобрување на болидот?

Можен крај на појачувањата: Дали Ферари го достигна врвот во подобрување на болидот?

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека неговите први ривали Ферари ја платија цената за брзите подобрувања на својот болид и дека стигнале до лимитот на тоа што е можно да се направи со болидот.

Себастијан Фетел во поголем дел од сезоната имаше најбрз болид, но неговото Ферари имаше проблеми со постојаноста, и од три поени заостанување зад Луис Хамилтон, три трки подоцна, разликата е огромни и речиси недостижни 59 поени.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Во овој спорт нема милост. Тука треба да го имате најбрзиот болид, најбрзиот возач и најсолидни перформанси од болидот. И ние сме тука со тоа. Имавме тешки моменти, но кога ги поместувате границите, на крајот постои и лимит. Развојот на Ферари од 2016 и 2017 беше исклучителен и сега дојдовме до таква фаза. Знам како е да загубиш многу поени во само три трки. Имавме среќа, но тоа не значи дека сме го заслужиле тоа. Затоа мораме да работиме“, вели Волф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…