Сосема заслужено Лука Модриќ го постигна eпитетот за најдобар играч на Светското првенсво во Русија.
Хрватскиот играч одигра одлични натпревари и сите се сложни дека жирито направи вистински потег. Постигна два гола, беше клучен играч во тимот на Златко Далиќ, а веројатно дека ќе се збогува од репрезентацијата во следните денови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа беше и главното прашање на медиумите по натпреварот.
„Немојте сега да го барате тоа од мене. Треба да ги соберам впечатоците, да ја оладам главата па потоа да кажам. Ќе имам време во следните десет дена за тоа. Подобро да одлучам тогаш, отколку веднаш по натпреварот“, јасен беше Модриќ.
Модриќ истакна и дека е тажен поради поразот, но и дека е горд на соиграчите кои направија голем успех.