Дома Фудбал Останато Модриќ со порака до новинарот: Зарем немаш нешто попаметно да ме прашаш?

Модриќ со порака до новинарот: Зарем немаш нешто попаметно да ме прашаш?

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ изјави дека неговата екипа е подготвена по долго време да направи добар резултат на едно големо натпреварување, но и се налути на прашањето на новинарот.

Вчера во попладневните часови на официјаната пресконференција пред натпреварот со Нигерија на медиумите им се обрати капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ и сепекторот Златко Далиќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Станува збор за многу непријатна екипа, Нигерија можеби е и најдобрата афричка екипа. Играат брзо, имаат многу брзи и опасни играчи. Нема фаворит во првите натпревари, мислам дека ќе биде изедначен натпревар“, изјави Модриќ.

Новинарот на британскиот „Гардијан“ го интересираше што Модриќ мисли за пресудата на поранешниот член на Динамо, Здравко Мамиќ, кој на суд во Осиек беше осуден на шест години затвор за измама и даночно затејување.

„Немате ништо попаметно да ме прашате? Ова колку што знам е Светско првенство. Колку долго се подготвувавте ова да ме прашате?“, налутено праша Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…