Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ призна дека не е задоволен од сезоната која заврши, но е многу амбициозен пред почетокот на новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Модриќ знае дека ова лето ќе се зголеми конуренцијата на „Сантиаго Бернабеу“, но тој смета дека се уште има сили и квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид.
„Се чувствувам одличо, иако признавам дека оваа сезона не беше добра за мене и за клубот. Се уште имам сили и квалитет да му помогнам на Реал Мадрид“, изјави Модриќ.
„Сигурно летово ќе дојдат големи фудбалери во Реал, имаме потреба од нови засилувања. Јас се надевам дека ќе имам добра сезона и дека ќе играм на високо ниво. Очекувам исто така сезоната да биде добра и за клубот и да освоиме многу трофеи“, додаде Хрватот.