Како што пишува „Тутоспорт“, Лука Модриќ до крајот на сезоната ќе остане во Реал.
Италијанците откриваат дека хрватскиот репрезентативец ја одбил новата понуда од Милан, клубот за кој навива од детството. Модриќ не сака да замине од Реал. Наводно, после серијата лоши настапи, Модриќ ќе се обиде да ја врати старата форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Хрватот со Реал истекува на крајот од сезоната и засега нема информации дека 34 годишниот фудбалер преговара со клубот за нов договор. Тоа значи дека веќе во јануари може да започне преговори, а на лето да го напушти клубот без оштета.
Според „Тутоспорт“ Милан ќе се насочи кон Ракитиќ, меѓутоа проблем е во цената. Барселона за фудбалерот кој седи на клупата за резерва бара 30 милиони евра. На Милан му одговара позајмица со право на откуп, меѓутоа Ракитиќ не сака да оди на позајмици.