Лука Модриќ после Серхио Рамос го коментираше можното заминување на Лионел Меси од Барселона.
Меси пред две недели од управата на Барселона побара заминување. Аргентинецот во клубот е 20 години и тоа секако беше голем шок за навивачите и раковдството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И Модриќ слично како и Рамос (неговата изјава можете да ја прочитате тука) смета дека заминувањето на Меси би бил голем удар за Ла Лига.
„Заминувањето на Меси би бил огромен удар, не само за Барселона туку и за цела Лига. Исто како што беше кога Роналдо го напушти Реал пред две години. Меѓутоа не можеме да бидеме заробеници на минатото. Во фудбалот играчите ги менуваат клубовите во кои играле долго време, тоа е така и така ќе биде“.
„Меси ќе го нема, но Барселона мора да продолжи и без него и нови играчи ќе бидат ѕвезди. Како што Реал продолжи без Роналдо, така ќе мора и Барселона“, изјави Модриќ.