Лука Модриќ во својата биографија откри интересна приказна за Кристиано Роналдо и Жозе Мурињо, односно како „пукнало“ пријателството помеѓу нив, од тој момент повеќе работите не биле исти.
Модриќ напиша своја биографија која го носи името „Мој Начин“ и во неа открива интересни детали од неговата кариера. Најдобриот хрватски играч на сите времиња и освојувачот на „Златната топка“ така го разоткри конфликтот кој го имале Мурињо и Роналдо. По тој момент двајцата Португалци не разговарале и тоа било почетокот на крајот за Мурињо во Реал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Игравме куп натпревар и водевме со 2:0, но Мурињо полуде затоа што Роналдо во дефанзива не го следеше нивниот бек. Тука почнаа пцовки, Кристиано се расплака на полувреме. Во продолжение од натпреварот продолжија да се расправаат“.
Дури имало обид и за физичка пресметка.
„Тргнаа еден кон друг за физичка пресметка, но интервенираа играчите и спречија поголем инцидент“, откри Модриќ.
Реал веројатно се сеќавате таа сезона не освои ништо па Мурињо се врати во Челзи, а го наследи Анчелоти. Роналдо таа година даде 55 гола, испаднаа од Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите, завршија втори во лигата зад Барселона, а во купот изгубија во финалето од Атлетик.
Модриќ веројатно зборува за четвртфиналниот натпревар против Валенсија, натпревар кој Реал го доби со 2:0. Подоцна во полуфиналето славеа против Барселона со 3:1, а Роналдо во тој натпревар постигна два гола.
Како што споменавме, после сезоната без трофеј Мурињо замина. Подоцна ги критикуваше играчите клубот, но Роналдо му одговори да не плука по чинијата од која јадел. Во последниот натпревар кога сезоната завршуваше двајцата Португалци стоеа во тунелот, не се ни поздравија.