Дома Фудбал Останато Модриќ го воодушеви фудбалскиот свет со една порака!

Модриќ го воодушеви фудбалскиот свет со една порака!

Лука Модриќ до синоќа беше актуелен освојувач на „Златната топка“, а вчера му ја предаде на својот голем ривал Лионел Меси.

Модриќ иако оваа година не беше ни меѓу 30-те номинирани, дојде на гала-церемонијата и лично му ја предаде наградата на Меси.

Притоа, ја покажа својата човечка големина и одржа фудбалска лекција за тоа како треба да се однесуваат ѕвездите и во ситуација кога не победуваат.

„Во спортот и фудбалот не е се во победувањето, има нешто и во покажувањето респект кон соиграчите и ривалите“, напиша Модриќ на социјалните мрежи.

Ваквата порака го воодушеви фудбалскиот свет, а на неа реагираше и фудбалскиот клуб Барселона која му даде аплауз со коментар „Вистински џентлмен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…