Дома Фудбал Лига на шампиони Модриќ ги насмеа „италијаните“: Дали навистина го мислиш ова?

Модриќ ги насмеа „италијаните“: Дали навистина го мислиш ова?

Во сабота се игра големото финале во Лигата на шампионите, а Лука Модриќ е во лов на својот трет европски трофеј во последните четири години.

Една изјава на Хрватот ги насмеа навивачите на италијанскиот шампион. Имено, Модриќ изјави дека Реал има подобра одбрана од онаа на Јувентус.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Не Јувентус, туку Реал има најдобра одбрана во светот“, изјави Модриќ, а тоа не би било чудно доколку „старата дама“ не примеше само три погодоци во досегашниот тек од најелитното европско натпреварување.

Јувентус во нокаут фазата ја зачува мрежата во првите пет натпревари, против Порто, Барселона и Монако, а Бонучи и дружината капитулираа дури во реванш натореварот против францускиот клуб.

Хрватот потоа испрати пофалби до својот тренер Зинедин Зидан.

„Неверојатно е што се направи, ако се знае во каков момент пристигна во клубот. Успеа да промени се, сите му веруваме и се чуствуваме важни“, истакна Модриќ.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…