Дома Фудбал Лига на шампиони Многу натпревари од ЛШ можат да завршат со службени 3:0

Многу натпревари од ЛШ можат да завршат со службени 3:0

Германскиот весник „Кикер“ предупредува дека многу натпревари во Лигата на шампиони би можеле да бидат одлучени на зелена маса.

УЕФА сака сите 96 натпревари од групната фаза во ЛШ да завршат до 9 декември, што е оптимистичка прогноза со оглед на фактот дека првите натпревари ќе се одиграат утре, 20-ти октомври.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководните луѓе свесни се од потенцијалниот хендикеп поради пандемијата со коронавирус и воведуваат посебни закони кои ќе се применуваат во Лига на шампиони и Лига Европа.

Ако националните или локалните власти во одредена земја наметнат ограничувања кои се однесуваат на гостинските клубови, клубот домаќин ќе мора да организира услови за да се одржи натпреварот. Според УЕФА „клубот мора да организира алтернативно место за одигрување“, притоа да ги покрие трошоците за тоа.

Ако клубот не предложи алтернативно место и натпреварот не може да се одигра, тогаш ќе биде заверен со службен резултат 3:0.

УЕФА ги повика сите клубови кои учестуваат во ЛШ „да го стават својот терен на располагање како неутрално место за останатите натпревари ако е потребно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…