Дома Фудбал Германија Младата ѕвезда на Баерн му се налутила на Ковач!

Младата ѕвезда на Баерн му се налутила на Ковач!

Ренато Санчез по синоќешното реми со Херта јавно порача дека сака да го напушти Баерн Минхен и да побара нов клуб.

Санчез во Баерн пристигна пред три години, а во тој период делуваше одлично за еден тинејџер и многумина беа убедени дека станува збор за нова ѕвезда, но покрај силната конкуренција не успеа да се избори за место во тимот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Младата ѕвезда неколку пати јавно покажа незадоволство, а откако не се промени неговиот статус, Санчез се налути и ситуацијата му ја опишал на германскиот новинар Флоријан Плетенбург.

„Санчез кажа дека ваквиот статус не е добар за него, дека двапати побарал трансфер и дека Баерн одбил да го продаде. Тој смета дека заслужува повеќе од пет минути на теренот и дека за толку малку време тешко може да се покаже“, објави новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан се пофали со важен потпис

Белгискиот фудбалер Алексис Салемакерс потпиша нов договор со Милан до 30 јуни 2031 година…